Серена Вилијамс и Гвинет Палтроу инвестираат во стартап за смрзната храна

daily-harvest-activated-bowls-and-smoothies-e1497015420170.jpg

Стартапот за храна Daily Harvest имплементира стратегија за да ги убеди купувачите кои до сега сметале дека свежата храна е најздрава дека смрзнатата храна може да биде исто толку здрава, ако не и повеќе.

Компанијата лансирана минатата година продава повеќе видови на смрзнато органско смуди сервирано во единечни порции, овесни каши и пудинзи од чиа кои се доставуваат директно до домот на купувачот. До денес компанијата има доставено преку еден милион порции поради што извршната директорка Рејчел Дрори е убедена во континуираниот раст на компанијата и покрај трошоците и перцепциите кои постојат за смрзнатата храна.

„Еден од предизвиците на Daily Harvest е погрешната перцепција која луѓето ја имаат за смрзнатата храна. Кога ќе се спомене смрзната храна, тие прво помислуваат на пица или готови смрзнати јадења кои се приготвуваат во микробранова печка.“, изјавила Дрори.

Таа додала дека нивните смрзнати производи всушност се прават од посвежи состојки отколку оние што можат да се купат од супермаркет каде се изложени со денови. Овошјето и зеленчукот во супермаркет се бере свежо, но голем дел од свежината ја губи во транзит додека да стигне до полиците. Смрзнатите производи се прават со свежо набрани продукти кои веднаш се обработуваат и смрзнуваат за да ја зачуваат оптималната хранливост.

UntitledОваа стратегија веќе убеди две познати жени кои решија да инвестираат во стартапот. Оскаровката Гвинет Палтроу и основач на брендот за животен стил Goop, како и тенисерката со 23 Гренд слем титули Серена Вилијамс се дел од инвеститорите кои инвестираа во т.н „Серија А“ инвестициската фаза на Daily Harvest во која исто така се вклучени и компании со фондови за ризичен капитал како WME Ventures, Collaborative Fund, 14W и Rubicon Venture Capital. Износот на инвестициите не е откриен.

„Гвинет Палтроу е авторитет во светот на здравјето и велнесот. Причината поради која решивме да склучиме партнерство со неа е тоа што луѓето ја слушаат и го следат нејзиниот начин на живот и мислењето за смрзната храна.“, додала директорката Дрори.

Вилијамс пак во известување за медиумите наведе дека го почитува фактот што еден ваков бизнис е раководен од жена и додаде дека се надева дека хранливите оброци ќе станат подостапни за повеќе луѓе.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail