kids-money-e1549899614451.jpg

Фразата пасивни приходи е толку многу користена што кај некои предизвикува негативни емоции. Веројатно на Facebook сте виделе огласи кои покажуваат животен стил на претприемачи кои сакаат да ви продадат некои од своите онлајн натпревари со помош на кои остваруваат приходи, а воедно и патуваат. Звучи навистина примамливо. Но, како и во секоја индустрија и овде има добри и лоши страни. Добрата страна на пасивниот приход е дека може да доведе во повеќе извори на приходи. Претприемачите сфаќаат дека создавањето повеќе извори на приходи значи постабилен бизнис и повеќе простор за раст. Примената на стратегии за пасивни приходи отвора многу можности, создава слобода и финансиска сигурнсто во секојдневниот живот и во работата.

Еве три начини како да создадете пасивни и повеќе извори на приходи.

Создавајте онлајн и офлајн приходи

Кога станува збор за пасивните приходи и создавањето пасивни приходи, најголем дел од претприемачите размислуваат за Интернетот и социјалните мрежи. Со милијарди корисници дневно, тоа има и смисла. Така без премногу напори можете да досегнете до поголема публика, можете да креирате содржини на блог или на веб страница, да направите подкаст кој ќе допре до милиони корисници на услуги како iTunes. Исто така, можете да следите огласи на социјални медиуми и на Google, кои се многу ефикасни. Што се однесува на офлајн создавањето профит, тука можете да држите говори на теми кои ви се блиски, да водите книговодство во компании и корпорации и слично.

Автоматизирајте делови од својата работа

Една од предностите на ова време е технологијата која ни стои на располагање. Ако сакате да ја проширите компанијата, ќе ви требаат и системи кои ќе ве доведат до тоа. Тие системи би требало да вклучуваат автоматизација што е можно повеќе. Колку помалку сте вклучени во секојдневната работа, ќе имате повеќе време да се фокусирате на стратегијата и на пошироката слика за раст на вашиот бизнис. Можете да користите алатки како WordPress за вашата веб страница или MailChimp за да соберете имејл адреси и да испраќате известувања. Clickfunnels можете да го користите за правење landing page која е целосно автоматизирана.

Имајте систем за доследно генерирање нови потенцијални купувачи

Бизнис успехот или неуспехот зависи од маркетигн стратегијата и системите кои генерираат потенцијални купувачи затоа што купувачите ви се потребни за остварување продажба. Многу претприемачи повеќе се зафатени со работа отколку што се зафатени со привлекување публика и нови потенцијални потрошувачи кога станува збор за остварувањето приходи. Но, и за ова решение постојат начини за изградба на своја публика и создавање нови потенцијални клиенти како што е содавање содржини во форма на видеа, блогови и подкасти затоа што постојат милијарди луѓе кои секојдневно консумираат такви содржини.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail