Шампионите за квалитет на УЈИЕ го евалуираат Универзитетот

picture1512.png

Минатата недела (20-24 март 2017 год.) надворешнте шампиони за обезбедување квалитет, г-ѓа Франсис Овен и проф. Малколм Кук реализираа работна посета на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

Во текот на нивното евалуирање тие имаа состаноци со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика, Извршниот тим на ректорот; провостот; деканите и директорите на административните служби; како и со претставници од Студентскиот парламент и асоцијација и со студентскиот правобранител.

Фокусот на нивната посета беше обезбедувањето квалитет и други поврзани активности како што се акредитација на студиските програми, имплементација на академските и на административните стандарди, спроведувањето на евалуацијата студент- професор и вклучување на студентите во сите процеси во Универзитетот.

Надворешните шампиони за квалитет се меѓународни експерти кои имаат договор со Универзитетот да го оценуваат и советуваат раководството и врботените на Универзитетот за тоа како може да се подобри квалитетот на работата на Универзитетот и да се развијат позитивни искуства за студентите. Нивното вклучување во процесите за обезбедување квалитет на Универзитетот на Југоисточна Европа е еден од стратегиските приоритети на научно-истражувачката работа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail