Шангај гради голема вертикална фарма од 100 хектари за да нахрани 24 милиони луѓе

shanghai-vertical-farm4-e1492030387434.jpg

Меѓународната архитектоснка компанија Sasaki ги откри плановите за изградба на спектакуларна урбана фарма со површина од 100 хектари која ќе се смести меѓу облакодерите во Шангај.

Проектот е мега лабораторија за фарми која ќе треба да ги задоволи потребите за храна на речиси 24 милиони луѓе и истовремено ќе служи како центар за иновации, интеракција и едукација во еден свет на урбано земјоделство.

shanghai vertical farm2

Sunqiao Urban Agricultural District е составен од вертикални фарми кои ќе бидат сместени меѓу кулите и ќе бидат вистинско освежување меѓу купиштата метал и стакло.

Во еден град како Шангај, каде што цените на недвижностите ги прават вертикалните згради поисплатливи, урбаните фарми ќе се состојат од повеќе згради на кои ќе има фарми од алги, пловечки стакленици, вертикални ѕидови и дури и библиотеки за семиња. Проектот вклучува неколку методи на одгледување како хидропонски и аквапонски системи.

Sunqiao ќе се фокусира на одржливото земјоделство како клучен компонент за урбан раст. „Овој пристап поддржува многу поодржлива мрежа на храна со акцент на квалитетот на животот во градот преку мрежа од ресторани, пазари, кулинарска академија. Како што градовите ќе се шират мора да продолжиме да ја намалуваме дихотомија меѓу тоа што е урбано и тоа што е рурално. Sunqiao ќе докаже дека можете сами да си одгледувате зелка и истата да ја јадете“, велат креаторите на проектот.

shanghai vertical farm1

Посетителите на комплексот ќе можат да се прошетаат низ стаклениците, музејот на наука, аквапонските системи и да ги видат различните технологии кои ќе го чуваат здравјето на цела популација. Освен тоа, ќе има и настани за цели семејства и работилници за едукација на најмалите за земјоделските техники.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail