udC5d-1940245-profimedia0255182125-ls.jpg

На австрискиот пазар за работа недостасуваат 220.000 експерти, но недостигот уште не се одразува на висината на платите, објавила платформата “StepStone”.

Овој сајт ги анализирал огласите за работни места во 22 печатени медиуми и на 21 берза за вработување.

Посебна побарувачка за експертска работна сила постои во техничката и IT областа.

Од јануари до јуни оваа година барани се 32.000 експерти во техничката област, како и 30.000 IT експерти.

Исто така и експертите во финансискиот сектор се “ретки”, па во овој сектор недостасуваат 23.000 експерти.

И покрај работната сила која недостасува, во техничкиот сектор актуелната плата е околу 45.000 евра годишно, што е јасно под примањата во јавниот сектор и продажбата.

Исто така и на IT експертите не им се нудат големи примања.

Околу 55.000 евра годишно може да примаат дигиталните таленти, што е за околу 11.000 евра помалку отколку вработените во финансискиот сектор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail