Шарад Сагар, еден од 100 најмоќни млади претприемачи во светот, е првиот говорник на Spark.me 2017

Sharad-Sagar-Photo-03-e1488873268257.jpg

Организацискиот тим на една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, Spark.me, која ќе се одржи на 29 и 30 мај во Будва, го објави името на првиот говорник на годинашната конференција. Станува збор за Шарад Сагар, социјален претприемач од Индија кој се наоѓа на листата на Forbes „30 успешни млади под 30 години“ (за 2016 година), како и на листата на Rockefeller фондацијата „100 иноватори за наредниот век“.

Сагар е основач и извршен директор на Dexterity Global, меѓународно призната организација која преку својата мрежа на онлајн и офлајн образовни платформи обезбедува информации, ресурси  и можности за повеќе од 1,2 милиони средношколци годишно ширум Индија и останатите делови на југоисточна Азија. Иновативните решенија на полето на демократизација на образованието и градење на одржливи бизниси му овозможија на Сагар да стане најдобро пласираниот Индиец на листата „100 најмоќни млади претприемачи во светот“. Тој има повеќе од 300.000 следбеници на социјалните мрежи, а за неговите идеи и активности се зборува на многу универзтети и медиуми ширум светот.

Организаторите на Spark.mk во наредниот период ќе ги објават и останатите говорници на конференцијата.

Билети за конференцијата можат да се купат на нивната официјална веб страница www.spark.me Полната цена на билетите е 300 евра, но сите заинтересирани можат да купат билети и по промотивна цена од 175 евра до 12 март. Како мотивација за сите млади луѓе кои се желни за знаење во понудата има вклучено и студентски билети наменети за средношколци и студенти на додипломски, мастер и докторски студии, кои не се постари од 27 години, а цената на овие билети е 50 евра. Притоа, цените вклучуваат пристап до сите предавања во текот на двата дена на конференцијата, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на двата дена, како и коктел прием првата вечер од конференцијата. Во цената на билетите не е вклучен превоз и сместување. Сите купени билети можат да се пренесат и на друга личност (name change), но уплатениот износ не може да се рефундира.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по петти пат од 29 до 30 мај во хотелот Медитеран во Будва под организаторска палка на компанијата doMEn d.o.o., агент за регистрација на националниот .ME домен. Оваа конференција нуди шанси за бизнис и на едно место ги собира лидерите од бизнис светот, светот на технологијата, иновациите и маркетингот, стартапите и луѓето кои се желни за знаење од ваков тип. Станува збор за интерактивна конференција која е дизајнирана да ја поттикне креативноста кај учесниците, да им овозможи да ги надополнат своите знаења благодарение на меѓународно признати говорници, да им помогне да го подобрат водењето на бизнисот, како и самите да размислат и да започнат бизнис.

Повеќе информации за конференцијата, начинот на пријавување, котизацијата и претходните конференции можете да најдете на официјалната веб страница www.spark.me, на профилите на Facebook www.facebook.com/sparkdotme и на Twitter www.twitter.com/sparkdotme.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail