Шест поволности кои Србија ги подготви за студентите

finansije-planovi-biznis-plan-830x0-1.jpg

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, имал повеќе состаноци со претставници на студентските организации на кои се дискутирало за низа барања и предлози од студентите. Било договорено да се донесат шест нови мерки кои ќе им го олеснат студирањето и барањето работа, пренесува српски „Телеграф“.

Во рамките на првата мерка, студентите ќе може да добијат платена пракса во државните органи. Се предвидува најдобрите студенти од трета и четврта година да добијат платена пракса во државните органи и јавните служби. Праксата ќе трае три месеци.

Се предвидува и доделување студентски картички на сите студенти, кои ќе бидат поврзани со мобилна апликација. Со нив студентите ќе добиваат попусти на услуги и стоки во продавниците, театрите, кината и за културни и спортски манифестации.

Се предвидува и проширување на постојната програма за прво вработување на млади лица за да се вклучат и студенти од завршните години. Оваа програма има цел да го поттикне вработувањето на младите и да помогне во решавањето на проблемот со недостиг на кадар.

Четвртата мерка е за доделување посебни стипендии за социјално загрозени студенти, а стипендирањето ќе почне од следната година. Петтата мерка вклучува финансирање на магистерски студии во стручни насоки од буџетот на државата.

Конечно, шестата мерка содржи повеќе иницијативи за студентите со инвалидитет и ромските студенти, за кои ќе бидат предвидени средства за финансирање магистерски студии.

Foto: Shutterstock

извор: telegraf.rs

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail