Шест знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на живот

crn-drob.jpg

Ако вашиот црн дроб не може да ги претвори отровите во безбеден отпад, тие „чекаат“ во вашето масно ткиво да бидат исфрлени од телото кога црниот дроб ќе почне повторно да функционира нормално. Ова се 6-те знаци дека сте го преоптовариле црниот дроб со вашиот начин на живот…

6 знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на живот

1. Збунетост

Кога црниот дроб е преоптоварен, не може добро да ја прочистува крвта. Како резултат на тоа, отровите може да стигнат до вашиот мозок. Кога ќе се случи тоа, може да забележите некои симптоми, како што се збунетост, проблеми со меморијата и потешкотии при донесувањето одлуки.

2. Ниско ниво на шеќер во крвта

Црниот дроб е исто така одговорен за одржувањето на нивото на шеќер во крвта. Кога вашиот црн дроб е под голем стрес, може да доживеете ненадеен пад на шеќерот во крвта. Во нормални случаи, црниот дроб треба да ја преработи и произведе глукозата по оброкот. Но, ако црниот дроб не може да ја ослободи складираната глукоза во крвотокот, нивото на глукоза во крвта драматично опаѓа. Како последица на тоа, ниското ниво на шеќер во крвта предизвикува исцрпеност, нервоза и деконцентрација.

3. Хормонски дисбаланс

Црниот дроб ги регулира и половите хормони. Ако црниот дроб не функционира како што треба, тоа може да доведе до неурамнотежени нивоа на естроген и тестостерон. Ова може да предизвика и посериозни проблеми, како што се намалено либидо и влошени предменструални симптоми.

4. Промени во расположението

Вашето расположение и меморија зависат од состојбата на мозокот. Кога отровите ќе стигнат до вашиот мозок, може да имате проблеми со помнењето и да се соочите со чести промени на расположението. Анксиозноста и депресија се исто така поврзани со состојбата на црниот дроб. Ако ги забележите овие симптоми, најдобро е да се консултирате со професионалец или да одите на преглед пред да земете лекови на своја рака.

5. Нарушувања на имунолошкиот систем

Луѓето кои често се разболуваат и настинуваат цврсто веруваат дека тоа се должи на недостатокот на витамин Ц. Но, малкумина знаат дека црниот дроб игра витална улога во развивањето силен имунолошки систем. Со други зборови, колку е поздрав вашиот црн дроб, толку подобро ќе се бори со вирусите и бактериите.

6. Ноќна апнеа

Ноќната апнеа е нарушување на спиењето и се одликува со паузи или кратки прекини на дишењето кои траат повеќе од 10 секунди. Во сериозни случаи, дишниот пат може да биде блокиран цели 2 или 3 минути, а овие кратки периоди заедно може да одземат половина од времето поминато во спиење. Еден од најчестите симптоми на ноќна апнеа е ’рчењето. Ако забележите симптоми на апнеа, најдобро е да го проверите црниот дроб, бидејќи постојат големи шанси дека не функционира како што треба.

Како да ја подобрите функцијата на црниот дроб?
Првото нешто што треба да го направите е да стекнете поздрави навики на исхрана. Тоа не значи дека треба да се измачувате со некоја строга диета. Само обидете се да ги следите следниве неколку едноставни правила:

Намалете ја консумацијата на фруктоза на 20 грама дневно.
Откажете се од растителните масла што предизвикуваат воспаленија.
Одбегнувајте газирани пијалаци.
Вашата исхрана треба да содржи повеќе животинска и растителна храна која ќе ви ги даде потребните аминокиселини.
Зголемете ја количината на зелени листести зеленчуци во вашата исхрана.
Намалете ја количината на алкохол што ја внесувате или целосно откажете се од него.
Не заборавајте да внесувате доволно сулфур преку јајца, лук и кромид.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top