ovci.jpg

Ако сакате уникатна работа и покрај тоа да го смените местото на живеење, јавете се на шкотскиот остров Роналдсеј кој е во потрага по овчари, пренесува Metro.

Станува збор за чување овци од реткиот вид Оркни. Задачата на вработениот е да ги чува овците во стадо, да им дава посебна храна, да ги држи подалеку од неволји и да внимава на ѕидот кој ги разделува природното живеалиште на овците од храната која се произведува за целиот остров.

Освен што мора да внимава на ѕидот, овчарот ќе биде задолжен и да го поправа ако е тоа потребно. Во просек се работи 35 часа неделно, а платата е скоро 25.000 евра.

Доколку сакате да ја работите оваа работа, мора да се подготвите на фактот дека работниот однос мора да биде најмалку 3 години. На овој начин работодавачот сака да биде сигурен дека бројот на овци ќе се зголеми, а ѕидот ќе биде одржуван.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail