Глетката на детето, кое мирно спие е смирувачка за секој родител. Меѓутоа кога родителите наместо лесно дишење и привремени воздишки ќе сушнат силно шкрипење со забите, наместо мир ги поминуваат морници од глава до пети.
Што е бруксизам?
Бруксизам е медицински назив за шкрипење со забите или стискање на вилицата. Статистиката покажува дека секое десетто дете на возраст од две до три години го има овој проблем, а повеќето од нив го надминуваат.
Бруксизам или шкрипење со забите обично се случува кога детето е во длабок сон или под стрес.
Причини за бруксизам
Иако се уште со сигурност не се познати причините за бруксизам, експертите наведуваат неколу причини, кои може да доведат до оваа појава.
Во некои случаи децата шкрипат со забите, бидејќи горната и долната вилица се уште не дошле во вистина позиција, така што во текот на ноќта не можат да ги наместат забите. Исто така бруксизмот може да биде и знак дека детето нешто го боли (уво или заб), па со стискање на вилицата сака да си ја олесни болката, како што некој на пример би го триел или масирал болниот мускул.
Како една од причините се наведува стресот. На пример детето може да биде под стрес поради некои големи промени, како што е доаѓање на помлад брат или сестра, а постарите деца можат да бидат загрижени поради училиштето или промената на наставникот. Понекогаш кавгата со родителите, браќата, сестрите или другарите може да предизвика стрес, кој може да предизвика шкрипење со забите.
Бруксизам често пати имаат хиперактивните деца, а често се јавува и кај децата, кои земаат лекови или имаат некои други медицински проблеми, како што е на пример церебрална парализа.
Последици од бруксизмот
Иако во повеќето случаи нема никакви последици, постојат и примери кога бруксизмот предизвикува главоболки или болки во ушите.
Во некои случаи шрипењето со забите може да ја оштети забната глеѓ или да предизвика проблеми со коските на лицето и вилицата, како што е болест на темпоромандибуларниот зглоб, иако тоа кај децата се јавува ретко, речиси никогаш.
Како да препознаете бруксизам
Голем број деца кои шкрипат со забите не се свесни за тоа, така што домашните мораат да го идентификуваат проблемот и треба да посветат внимание на следните работи:
– Звукот на шкрипењето на забите, кој се слуша додека детет спие.
– Дали детето се жали на болка во вилицата по будењето?
– Дали детето се жали на болка при џвакањето?
Дури и доколку не се жали на оие болки, ако вие имате впечаток дека вашето дете „ги меле“ забите, најдобро е да посетите стоматолог, кој со преглед ќе утврди дали забите се чувствителни и оштетени.
Како да му се помогне на детето
Повеќето деца го надминуваат бруксизмот, но додека тој трае пожелно е родителите со совети на стоматолог овој проблем да го држат под контрола.