Шокантно истражување – Човештвото би можело да изумре доколку продолжи трендот на опаѓање на сперматозоиди

sperma.jpg

Човечката раса би можела да изумре ако со сегашново темпо продолжи трендот на опаѓање на бројот на сперматозоидите кај мажите, пишува Би-би-си.

Научниците што ги споредувале резултатите на речиси 200 различни студии тврдат дека бројот на сперматозоидите во просек е преполовен во последните 40 години.

Некои експерти веќе изразија скепса кон ваквиот заклучок, објавен во научното списание Human Reproduction Update, но доктор Хагаи Левин, епидемиолог кој се наоѓа на чело на тимот што работел на оваа проблематика, истакнува дека е сериозно загрижен за судбината на човештвото.

Тој појаснува дека неговиот тим ги споредувал резултатите од 185 големи истражувања спроведени од 1973 до 2011 година.

Епидемиологот Хагаи Левин од Хебрејскиот Универзитет од Израел заедно со своите колеги објави шокантно истражување според кое Западните мажи во последните пеесетина години во просек имаат за 50% помалку сперматозоиди во однос на резултатите од 70-тите години.

Тоа е голема закана за плодноста на Западната хемисфера каде се вклучени Северна Амерка, Европа, Австралија и Нов Зеланд. Според Левин во последните 50 години значително е опаднато репродуктивното здравје на мажите и ако овој тренд на губење на просекот на сперматозоиди продолжи може да значи уште поголем пад на наталитетот и размножувањето во овие региони.

Врз плодноста влијание имаат повеќе фактори од животната средина, пороците, здравите или нездравите навики, исхраната, стресот, изложеност на штетни материи како пестициди и генетски пореметување се главна причина за губење на бројот на сперматозоиди.

Во истражувањето се опфатени 185 студии, а учествувале научници од Израел, Данска, САД, Бразил и Шпанија. Трендот го нема во Азија или Африка, но според истражувачите во овие контитненти нема голем број на студии за посочената тема.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail