Шокантно истражување на ОН: Милијарди ќе дојдат до градовите, а сите ќе бидат поголеми од Македонија

megalopolisi.jpg

До 2050. година, 68 проценти од светското население ќе живее во градовите, додека денес таа бројка изнесува 55 проценти, се тврди во истражувањето на ОН објавено во Њујорк, кое предвидува повеќе мегалополиси во иднина.

Зголемувањето на урбаното население ќе биде концентрирано во неколку земји, наведува тој документ. Индија, Кина и Нигерија заедно претставуваат 35 проценти од зголемувањето на градовите меѓу 2018. и 2050. година.

До 2050, во Индија ќе има 416 милиони жители повеќе во градовите, Кина 255 милиони, а Нигерија 189 милиони.

Населението во градовите пораснало од 751 милиони луѓе во 1950. година на 4,2 милијарди во 2018. година. Без разлика на релативно ниската стапка на урбанизација, во Азија 54 проценти од жителите живеат во градовите, а следат Европа и Африка со по 13 проценти.

До 2030. година планетата ќе има 43 градови со повеќе од 10 милиони жители. Денес најголем град е Токио со 37 милиони жители, потоа следи Њу Делхи со 29 милиони, Шангај со 26, Сао Паоло и Мексико Сити со по 22 милиони, а Каиро, Бомбај, Пекинг и Дака имаат речиси 20 милиони жители.

Во текот на следните две години населението во Токио би требало да забележи пад, додека Њу Делхи во 2028. година би требало да стане најмногуброен град на светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail