sparkasse.png

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

Стручен соработник за одржување на софтверски решенија, Дирекција за развој на софтверски решенија, Сектор за организација и ИТ
(позиција во Централа – Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • ВСС, Акредитирани високообразовни институции во РМ;
  • Електротехника, информатика, математика или други несродни насоки во случај на
    соодветно работно искуство;
  • 2 години работно искуство во областа на информационата технологија, искуството со
    банкарски информациски системи се зема како предност;
  • Добро познавање на информационата технологија, Microsoft сертификати рамковно
    познавање на банкарското работење;
  • Англиски – солидно познавање, читање и пишување;
  • Познавање на основните методи и техники за програмирање и организација и
    моделирање на податоци;
  •  Напредно познавање и искуство во одредени технологии за програмирање, рамковно
    познавање на севкупниот ИС на Банката;
  •  Комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони делови во Банката, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост.

Опис на работно место/одговорности:

  • Решавање на конкретни задачи кои се однесуваат на одржување и мониторинг на
    постоечките решенија;
  • Основна цел е креирање на софтверски решенија кои ги исполнуваат барањата на
    корисниците во договорените рокови, односно правилно функционирање на постоечките апликативни решенија и решавање на евентуални проблеми во работењето без нарушување на бизнис процесите;
  • Ги анализира барањата за промени во апликацијата и ги обезбедува потребните влезни
    податоци;
  • Им помага на корисниците во совладување на оперативни информатички проблеми (како второ ниво на поддршка после ИТ хелп деск);
  • Активно учествува во изработка на плановите за развој на барањата за промена на
    апликативните решенија (CR Мanagement);
  • Го спроведува развојот на барањата за прилагодување на функционалностите во
    апликативните решенија (CR,MZ,SIR), и следење на нивната реализација во рамки на
    информациониот систем;
  • Одржување на софтвер: следење на работата и мониторинг на системот, промени во
    софтверот согласно дефинираните стандарди, потреби и утврдени недостатоци, фабричко тестирање и корекција на грешки откриени во текот на фабричкото или корисничкото тестирање;
  • Спроведување на процеси и процедури поврзани со процесот на тестирање на развиените софтверски решенија;
  • Изработка на концептот и сценарија за тестирање, организација, координација и
    реализација на тестирањата;
  • Активно истражува и предлага примена на нови технологии / решенија во својот домен на работа, учествува во планирањето и изработката на стандардите за програмирање;
  • Ги анализира постоечките процеси од доменот на сопствената одговорност и дава предлози за редизајн / оптимизација на процесите и апликациите во соработка со сопствениците на процесите.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата 40.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 27.06.2018 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail