ШПАРКАСЕ БАНКА: Отворени позиции

sparkasse.png

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции:

  • САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАТЕРАЛИ – ОВЛАСТЕН
  • ПРОЦЕНИТЕЛ, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ (2 позиции, неопределено време, со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • ВСС, економски, правен или градежен факултет;
  • 5 години работно искуство во релевантна област;
  • одлично познавање на постоечкиот пазар на недвижности;
  • одлично познавање на локалната регулатива која го уредува работењето на овој сегмент ( проценки и репроценки во областа на недвижен и подвижен имот)
  • поседување на лиценца за овластен проценител согласно важечката законска регулатива;
  • добри     организациски    и     комуникациски     вештини,    јасен     израз,
  • независност,    интегритет,    прецизност,    доверливост,     работа    водинамична средина, ориентираност кон тимска работа;
  • активно познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
  • за едната работна позиција кандидатот е потребно да поседува лиценца
  • за овластен проценувач од областа на подвижен имот;
  • возачка дозвола – Б категорија.
  • oдлично познавање на англиски јазик, предност имаат кандидатите кои го познаваат и германскиот јазик (препорачливо поседување на официјален сертификат).

Опис на работното место/одговорности:

  • анализа на формалните и вредносните аспекти на понудените колатерали;
  • изготвување на прелиминарно мислење за адекватноста на инструментите за обезбедување (економски аспект);
  • евалуација и репроценка на колатералите (економска анализа на проценка на вредноста на колатералот и евентуална корекција);
  • мониторинг известување, конторола и иницирање на корективни активности поврзани со колатералите;
  • одговорност во врска со следењето на пазарните движења во делот на недвижниот и движниот имот.

 

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне. Почетна основна месечна нето плата: 40.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 30.01.2017 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail