Штедач во македонска банка остана без 7.246.400 денари кои ги чувал во сеф

pari-denari_2-80556.jpg

Вчера околу 12,00 часот во СВР-Битола, К.Ш. (51) од Ресен, пријавил дека од изнајмен сеф во Комерцијална банка филијала-Битола, му недостигаат 129.400 швајцарски франци.

Последен пат сефот го отворил на 5 август годинава. При извршениот увид во сефот во присуство на оштетениот, службени лица од Комерцијална банка, биле пронајдени 70.600 франци и 250.000 денари за кои К.Ш. тврди дека не биле негови.

Со стореното дело непознатиот сторителот се здобил со противправна имотна корист во вредност од околу 7.246.400 денари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail