Штипската библиотека донираше 2.000 книги на англиски јазик

133553993.jpg

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска на сите основни и средни училишта во општините Штип и Карбинци и на Студентскиот дом „Браќа Миладоновци“ им донираше 2.000 книги.

Вилма Јованова од Универзитетската библиотека вели дека донацијата на училиштата е во рамки на одбележувањето на 145 години од Читалиште и од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев.

– Книгите се од различна содржина и жанр. Има стручна литература од областа на комуникациите, правото, филозофијата, литературата и јазикот и најпопуларни бестселери коишто ќе се најдат во кабинетите по англиски јазик во училиштата, истакна Јованова.

Книгите на англиски јазик ќе им бидат достапни на учениците во училишните библиотеки.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail