Штипскиот универзитет организира хакатон за креативни решенија за здравството

ugd-hakaton-e1519740054407.jpg

Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип организира дводневен хакатон во периодот 23-24 март 2018 г. на тема Креативни решенија за здравството, објави универзитетскиот портал UGD Life.

Хакатонот е наменет за тимови од студенти и средношколци од Република Македонија кои ќе можат да изработуваат мобилни апликации кои би покривале различни аспекти од здравството и здравствената заштита, а би им биле од корист на различни категории на луѓе (на пример, здравствени работници, болни лица, стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби и сл.) Апликацијата може да биде изработена во која било технологија и од кој било тип (веб апликација, мобилна апликација, десктоп апликација и сл).

Распишан е и Конкурс на кој можат да се пријават студенти или средношколци, со тимови од 3 до 5 члена. ​

Формуларот за пријавување може да се најде на следниот линк , а потоа пополнет да се испрати на следнава електронска пошта: [email protected] Краен рок на пријавување е 19 март 2018 година, 20 часот.

На крајот секој тим ќе има можност јавно да ја презентира изработената апликација пред комисија составена од професори на Факултетот за информатика при УГД и двајца поканети специјалисти од приватниот сектор, при што ќе бидат доделени наградите.

Сите учесници на хакатонот ќе добијат сертификат за учество, а за победниците се обезбедени парични награди и тоа Прва награда за најдобра студентска апликација од 50.000 денари, Прва награда за најдобра средношколска апликација од 20.000 денари, како и Награда за оригинална идеја која ќе изнесува 5.000 денари.

Хакатонот ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail