Што да правите пред кабинетот на професорот додека чекате испит

510ff005d765f081c57e086a94d31cd04dcd6cb4.jpg

Чекањето пред кабинетот на професрото за испит може да биде мака. Меѓутоа, постојат разни начини како да го скратите времето и да се опуштите.

За да го исполните времето кое може да потрае и со часови, еве неколку можности.

Неколку физички движења

За да се опуштиме и да ги смириме мислите во тие кобни моменти е малку физичка активност. Одделете се на осамено место и направете неколку склекови.Физичката актиовност ќе го собере вишакот на адреналин во вас и со тоа ќе го намалите стравот. Внимавајте да не се препотите бидејќи сепак одите на испит.

Решавајте крстозбор

Секогаш е корисно да го развиете мозокот, посебно пред испит. Крстозборот е како традиционална метода за разбивање на досадата е совршена за пред испит.

Играње игри

Игрите исто така ви го окупираат умот и ја намалува тремата, а со добра игра времето брзо ќе ви помине.

Цртање

Познатата метода за време на предавата може да ви послужи и за време на испитите. Без разлика дали од тој производ ќе излезе смешен цртеж или ќе остане апстрактна уметност.

Читање вести

Чекањето е одлично време да се збогатите со информации од претходните случувања во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail