Што е библиотерапија и кои се нејзините здравствени придобивки?

1-shto-e-biblioterapija-i-koi-se-nejzinite-zdravstveni-pridobivki-768x512-1.jpg

Многумина од нас не се запознаени со фактот дека придобивките од библиотерапијата се огромни, особено при справување со нарушено ментално здравје. Еве на кој начин овој процес може да им помогне на оние кои се борат со депресија и анксиозност.

Се работи за терапија во текот на која преку читањето книги им се помага на децата или возрасните полесно да ги пребродат тешките емотивни искуства низ кои поминуваат во одреден момент.

Клучниот елемент во сиот процес е идентификувањето на читателите со одреден лик во книгата при што можат полесно да ги разберат симптомите на депресија или да дознаат нешто повеќе за менталното здравје.

Терминот „библиотерапија“ почнал да се употребува во дваесеттиот век. Овој вид терапија бил целосно прифатен во психијатријата и психологијата после Втората светска војна со оглед на истражувањата кои покажале дека војниците во болниците побрзо закрепнувале читајќи книги.

Генерално, испитувањата покажуваат дека библиотерапијата може да придонесе за емотивни и когнитивни промени. Имено, станува збор за позитивни резултати вклучувајќи намалување на негативните емоции, зголемена емпатија и сочувство, поврзување со околината и поуспешен пристап кон решавањето проблеми.

Денес постојат различни видови библиотерапии и тие најчесто се применуваат кај пациенти кои страдаат од анксиозност, депресија, кои се соочуваат со траума, зависност, губење на блиските, развод или предизвици во односите со другите.

извор: кафепауза.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail