Што е интолеранција на храна и како да ги препознаете симптомите !?

sto-e-intolerancija-na-hrana-i-kako-da-gi-prepoznaete-simptomite-8.jpg

Дали откако ќе каснете некое овошје, кога ќе се напиете црвено вино или ќе пробате залче риба или сирење, се дуете како балон?

Доколку дуењето е пропратено со главоболка, црвенило и отежнато варење, големи се шансите да се работи за интолеранција на храна.

Што точно е интолеранцијата на храна?

Многубројни истражувања во изминативе 25 години докажаа дека 95% од популација покажува хиперсензитивност на одреден тип на храна која се консумира секојдневно.

Токму ваквата реакција на организмот се нарекува интолеранција и може да биде вродена или стекната.

Вродената интолеранција настанува како недостаток или намалена активност на некој ензим, кој е вклучен во сложените метаболички процеси.

Артритисот, астмата, кандијазата, синдромот на хроничен замор, депресијата, анксиозноста, задржувањето на водата во организмот, отекувањето, инфекциите на ушите, мигрените, вртоглавиците, несониците, болките во мускулите, менталниот замор, болестите на кожата, претераната тежина или наглото губење килограми, може да бидат причинители за имунолошка интолеранција на одредена храна.

Уште не е јасно докажано зошто поединци со текот на времето развиваат интолеранција на одредени состојки во храната. Односно, нема објаснување за стекнатата интолеранција.

sto-e-intolerancija-na-hrana-i-kako-da-gi-prepoznaete-simptomite-3.jpg

По што се разликува од алергиските реакции на храна?

За разлика од алергиите, интолеранцијата на храна се чини дека не е наследна особина. Постои и теорија која тврди дека интолеранцијата на храна може да се јави заради последица на пребрз премин од течна на цврста храна во детството, односно системот за варење да не може целосно да се прилагоди.

Симтомите на интолеранција се јавуваат во облик на отежнато дишење, отекување, кивање, осипи на кожата, иритации, течење на носот, замор, дијареја, повраќање и истите се појавуваат неколку минути по консумирање на одредена храна. Може да се појават со задоцнување до 2 часа.

Алергиите на храна пак, се релативно ретки и се смета дека само 2,5% од популацијата има дијагностициран ваков проблем. Алергијата на храна е агресивна реакција на имунолошкиот состав на одредена белковина во храната. Симптомите при алергиите се далеку посериозни и потребна е најмала количина на алерген за да се појават.

 

Интолеранција на фруктоза

Фруктозата е природен шеќер застапен во овошјето, соковите и алкохолот. Кај лицата кои не можат адекватно да ја апсорбираат фруктозата од цревата заради ослабена активност на одреден протеин во цревата, може да се јави дуење, чувство на тежина и гасови. Се смета дека од овој тип на интолеранција патат 7 до 11 % од луѓето.

Интолеранција на хистамин

Хистаминот е состојка која ја има во преработената храна, а во големи количини се наоѓа во алкохолните пијалаци, ферментираната и конзервирана храна. Главната причина за интолеранција е намаленото или недоволното негово разградување. Симптомите може да се јават во облик на грчеви, болки и подуеност, но и во облик на главоболка, осип на кожата и егзема.

sto-e-intolerancija-na-hrana-i-kako-da-gi-prepoznaete-simptomite-2.jpg

Интолеранција на алкохол

Алкохолот се апсорбира во организмот, но со оглед на тоа дека е токсичен, не може да се складира никаде, па мора да оксидира додека не стане оцетна киселина. Одредени луѓе имаат проблем при овој процес. Овие лица би требало да избегнуваат алкохол, а доколку на време не ја дијагностицираат интолеранцијата, таа ќе се манифестира во облик на неправилна работа на срцето, појава на главоболки, болки во абдоменот и опаѓање на крвниот притисок.

Интолеранција на глутен

Глутенот е дел од белковините кои се наоѓаат во житарките, а неговото отежнато варење се смета за интолеранција на глутен. Симптомите може да се појават во облик на груба кожа на надлактиците, надуеност, гасови, вртоглавица, замор, малаксаност, силни главоболки, воспаленија и отоци на прстите, колениците и колковите. Важно е да знаете кои житарки не содржат глутен – просо, интегрален ориз, киноа, елда…

sto-e-intolerancija-na-hrana-i-kako-da-gi-prepoznaete-simptomite-4.jpg

Првиот чекор кој треба да го направите, логично, е да ја избегнувате храната која ви предизвикува тегоби.

Доколку се сомневате во интолеранција, задолжително направете тестови и консултирајте се со лекар за промените во исхраната.

sto-e-intolerancija-na-hrana-i-kako-da-gi-prepoznaete-simptomite-7.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail