Што ќе им донесе Џек Ма на Србите?

jackma_alibaba_xinhua.jpg

Веста дека водечката кинеска и светска компанија за онлајн трговија, Алибаба, доаѓа во Србија, изгледа, стави точка на повеќемесечни медиумски шпекулации.

А се шпекулираше за тоа која од земјите во регионот е најсериозен кандидат за привлекување на тие инвестиции.

Имено, претставници на Алибаба од почетокот на оваа година беа во интензивен поход по земјите од регионот-од Хрватска, преку Унгарија, Романија до Бугарија, барајќи стратешки партнер, бидејќи планираат изградба на голем дистрибутивен центар во овој дел на Европа.

Државната секретарка на Министерството за трговија Татјана Матиќ изјавила по враќањето од Кина, каде разговарала со претставници на компанијата Алибаба, дека сега е „сосема извесно нивното доаѓање во Србија“ и дека за шест месеци може да се очекуваат првите резултати на тие преговори.

„Утврдено е дека ќе влеземе во преговори. Ќе формираме оперативни тимови кои ќе се занимаваат со приоритетни теми. Три теми се договорени, две се предложени од Алибаба-група-онлајн туризам и електронско плаќање. Ние сакавме да разговараме за отворање на дистрибутивен центар и логистика, наведува Матиќ.

„Се зависи од нас, од брзината со која одредени предиспозиции ќе искористиме и поради тоа што за разлика од други земји бевме проактивни“, рекла Матиќ за Танјуг.

Таа напоменува дека е сигурна дека Алибаба група ќе дојде на нивниот пазар и дека еден од клучните аргументи во разговорот со Алибаба бил фактот дека Кина во овој момент има проекти вредни 6 милијарди долари во Србија. Тоа според нејзини зборови би бил значаен исчекор за српската економија и туризам.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail