Покачувањето на температурите поради глобалното затоплување може да има страшни последици по нашата планета, во зависност од тоа за колку степени се работи. Еве неколку проекции и возможни сценарија доколку температурите се зголемат од 1 и 6 °C.
1) Зголемување на температурите за 1°C
- Летата ќе станат по екстремни со интензивни топлотни бранови
- Стотици илјади луѓе ќе се жртви на топлотни удари
- Земјоделието ќе биде уништено поради уништување на шумите и земјоделските култури
- Свежата вода ќе пресуши од третина од копнените површини во светот
Постојат нула шанси ова да се спречи или избегне.
2) Зголемување на температурите за 2°C
- Ледот од половите ќе се истопи, ледот на Гренланд ќе го снема за 140 години
- Нивото на океаните ќе нарасне, а Мајами, Менхетен, Централен Лондон и останатите крајбрежни локации ќе бидат под вода
- Повеќе области како Бангкок, Бомбај и Шангај ќе бидат потопени, а половина од човештвото ќе мигрира на повисоки локации.
- Залихите на вода ќе исчезнуваат, повеќе од една третина од живите суштества ќе бидат под опасност од изумирање.
Постојат 93% шанси ова да се избегне доколку емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина се редуцираат за 60% во наредната декада.
3) Зголемување на температурите за 3°C
- Производството на храна ќе се намалува, милиони ќе се соочат со изгладнување
- Солената вода ќе навлезе во реките, труејќи ја водата во почвата. Растенијата и почвата ќе пресуши.
- Складираниот јаглерод во почвата од сувата и скапана вегетација ќе се испушта во атмосферата
- 80% од арктичкиот лед ќе се истопи, нивото на океаните ќе се зголеми а топлата океанска вода ќе создава супер-урагани
Постојат многу слаби шанси ова да се спречи доколку покачувањето на температурите надмине 2 степени и започне циклусот на испуштање на јаглерод
4) Зголемување на температурите за 4°C
- Забрзаното топење на ледот на половите ќе го зголеми нивото на океаните за 50 метри
- Земјоделското производство во Кина ќе запре и 1.5 билион луѓе ќе се соочат со глад
- Летата ќе траат подолго, во градовите температурата постојано ќе се движи околу 45°C
- 500 милијарди тони јаглерод ќе почне да се испушта од арктичкиот лед
Доколку покачувањето на температурите го надмине 3-тиот степен, нема да може да се спречат набројаните последици.
5) Зголемување на температурите за 5°C
- Ледот ќе исчезне од двата пола, дождливите шуми ќе се претворат во пустини, океаните ќе навлезат длабоко во континентите
- Температурите ќе ги достигнат нивоата од Еоценскиот период од пред 55 милиони години, кој бил предизвикан од заробениот метан испуштан преку вулканските ерупции
- Борбата околу ресурсите ќе доведе до регионални војувања
- Социјалниот и политички ред ќе исчезне бидејќи нема да постои ни економијата поради тоа што ќе нема што да се продава и што да се купува.
Доколку покачувањето на температурите го надмине 4-тиот степен и метанот почне да се испушта во атмосферата, нема да може да се спречат набројаните последици
6) Зголемување на температурите за 6°C
- Крајот на Пермианскиот период од пред 251 милион години бил предизвикан поради покачување на температурите за 6 степени поради што изумрел 95% од живиот свет.
- Можност Земјата повторно да стане мртва карпа без живот на неа, која ќе плови низ вселената
- Топлите води ќе го задушат секој вид на живот во нив
- Единствените преживеани форми на живот на копното ќе бидат габите