Што лансираа Русите во орбитата на Земјата?

satelit.png

Иако е со големина на една обична векна леб, рускиот сателит после Сонцето и Месечната ќе биде најсветлиот објект на небото.

Руската ракета „Сојуз“ успешно лансираше во орбитата контроверзен сателит кој во следните денови ќе стане една од четирите најсјајни точки на небото.

Сателитот „Мајак“ на компанијата „Роскосмос“ е развиен на Универзитетот за механички инжинеринг во Москва, а 30 илјади долари за финансирање на целиот проект биле собрани преку вебсајтот за јавни донации – „Бумстартер“.
Иако „Мајак“ има скромна големина, во моментот кога ќе достигне висина од 600 километри, тој ќе отвори големо пирамидално јадро направено од фолија специјално дизајнирана да ја рефлектира светлината на Сонцето. Фолијата е дури 20 пати потенка од влакното на косата и се простира на површина од 16 квадратни метри.

Целта на руската мисија, како што е соопштено, е да ги инспирира луѓето да започнат да ја проучуваат вселената и да гледаат во небото, но и да се тестира технологија за следење на сателити – со помош на апликација на паметен телефон.

Благодарение на оваа технологија, научниците кои што ќе работат на проектот ќе можат во секој момент да знаат каде точно се наоѓа сателитот и кога им „прелетува точно над нивната глава“.
Сателитот ќе биде во орбитата најмалку еден месец, но постои можност поради непредвидливите услови на оваа висина, процесот на негово распаѓање да не оди според планот и сателитот да остане активен дури и неколку месеци подолго од планираното.

Според пресметките на руски „Роскосмос“, сателитот „Мајак“ би требало да сјае единствено помалк од Сонцето и Месечината, иако некои научници тврдат дека тој ќе емитува послаба светлина и од „Ѕвезда Деница“, односно Венера на ноќното небо.
Астрономите ширум светот се загрижени не само поради тоа што сателитот „Мајак“ со својата светлина ќе им омета на астрономските надгледувања, туку и поради тоа што ќе може да влијае на видливоста на сателитите кои што ги следат временските и останатите атмосферски прилики.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail