Што мисли ЕУ да преземе околу топењето на мразот на Арктикот?

arktik.jpg

Проблемот од климатските промени на Арктикот трае веќе со децении. Обемот на морскиот мраз од кој зависат многу видови на неговиот екосистем, се намали за 40 отсто од 1979 година. Топењето на мразот предизвикува повлекување на тлото, намалени услови за фауната и штета на инфраструктурата при што можните загуби се проценуваат на стотици милијарди евра.

Површината на арктичкиот мраз во февруари 2017 година се намалила за 40.000 квадратни километри во однос на февруари 2016 година. Моменталната површина е 14,28 милиони километри квадратни, што е најниска површина за февруари во последните 38 години од сателитското мерење, како што известува Американскиот центар за податоците за снегот и мразот.

Температурите на Арктикот достигнуваат рекордни висини во зимските месеци, температурите се дури 33 степени Целзијусови повеќе од просекот на подрачјето на рускиот Арктик, а во останатите региони и до 20 степени.

Затоплувањето на арктичката капа ја намали температурната разлика на Арктикот и пониските географски ширини, а тоа влијаеше и на големите поплави во Пакистан во 2010 година, од кои смртно настрадаа 2000 луѓе, а погодени се милиони како и на топлотниот бран во Русија истата година, кој однесе 50.000 животи и избриша околу 15 милијарди долари скапи посеви, наведува Гвардијан.

Намалувањето на замрзнатите површини како последица на глобалното затоплување несомнено влијае и на животинскиот свет на тој регион. Видовите како поларните мечки, моржовите и морските птици директно се загрозени и тешко ќе се прилагодуваат на летните температури.

Тие животински видови зависат од мразот, на него живеат, се размножуваат и се чистат на него, а замрзнатите платформи им служат за да одат во морските води во лов на плен, пренесува порталот Croenergo.eu. Организацијата Greenpeace во еден од своите проекти под името „Да го спасиме Арктикот” се обидува да ги освести светските лидери и да ги поттикне на создавање заштитени животински региони на ненаселените делови околу Северниот пол, забрана за бушење на нафта и штетен риболов во арктичките води.

Бидејќи Европската унија веќе долго активно е присутна на Арктикот, климатските промени влијаеа и на потегот на Европската комисија, која во април 2016 година заедно со високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, ја претстави заедничката комуникација за Интегрираната политика на ЕУ за Арктикот.

Целта на таа интегрирана политика би била подобрување на меѓународните стандарди во начинот на одговорот на ефектите од климатските промени, поттик на одржлив развој како и подобрување на економската, социјалната и еколошката отпорност на Арктикот.

На пленарна седница на Европскиот парламент во март беше усвоен текст резолуција за Интегрираната политика на ЕУ за Арктикот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail