Што може да ви се случи доколку голтнете вода од базен?

shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-goltnete-voda-od-bazen-1_copy.jpg

Летото се ближи, температурите растат, а со нив и потребата од разладување на базен, езеро или море. Јавните базени се најдостапни, но дали и најсигурни, кога е здравјето во прашање?

Според статистиките на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, воочен е зголемен број на поединци кои добиле дијареја, како последица на нечистата вода од базените.

Во однос на 2014-та година, забележано е дека бројот на заболени од криптоспоридиоза (вид на гастроинтестинална болест), тројно се зголемил во 2016-та година. Криптоспоридиозата е цревна инфекција иницирана од паразит, кој може да предизвика тежок пролив со траење и до три недели.

shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-goltnete-voda-od-bazen-2_copy_copy.png

Криптоспоридиозата се добива поради изложување на нечиста вода во базени или аква паркови, пиење на контаминирана  вода, како и преку контакт со заразени луѓе или животни.

Покрај течна столица, симптомите на криптоспоридиоза може да вклучуваат и абдоминални грчеви, дехидратација, мачнини и повраќање.

shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-goltnete-voda-od-bazen-3_copy_copy.jpg

Лекарите им советуваат на родителите да не ги пуштаат децата на јавни капалишта, доколку имаат проблеми со стомакот или дијареја. Воедно, доколку некој преболел криптоспоридиоза, не би требало да оди на базен, две недели по престанувањето на симптомите.

Дури и една голтка контаминирана вода, може да предизвика криптоспоридиоза.

shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-goltnete-voda-od-bazen-4_copy.jpg

Како да си помогнете?

При проблеми со дијареја, од голема полза ќе ви биде соодветен раствор за рехидратација. Во случај на јака дехидратација и вртоглавици, може да си снабдите готов раствор од аптеките, или, пак, да го направите сами.

shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-goltnete-voda-od-bazen-6_copy.jpg

Потребни состојки:

  • 1 лажичка сол;
  • 1 лажичка сода бикарбона;
  • 6 лажички шеќер;
  • 2 литри чај од камилица и маточина (што дополнително ќе помогне кај грчеви и болки).

Земајте го растворот во текот на денот, малку по малку, во голтки.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail