Што не смеете да делите со другите?

img-346281.jpg

Великодушноста е прекрасна особина и треба да знаете како да го делите она што го имате со другите. Меѓутоа кога станува збор за вашето здравје, хигиена и лична безбедност, некои работи треба да ги користите само вие.

Сигурно веќе знаете дека не треба со никого да ја делите вашата четкичка за заби бидејќи ако имате некаква раничка во устата, така најлесно се пренесуваат бактерии и вирусни инфекции. Од истата причина не треба да делите брич или сунѓери за миење лице и тело, електричен депилатор или машинка за бричење.

Тврдиот сапун е средство за одржување хигиена, но ако го делите со други луѓе постои веројатност за пренесување бактерии и предизвикување алергии бидејќи на сапунот остануваат мртви клетки што постојано се „ронат“ од кожата. Држете се до течен сапун за општа употреба, а вашиот тврд сапун користете го само вие. Истото важи и за антиперспиранти во стик и со ролон апликатор.

Од пешкир за раце, за коса, до оној за после бањање, најдобро е секој да го користи својот бидејќи посебно кога се мокри се одлична средина за развивање бактерии и пренесување габични инфекции.

Освен ако не ја истиснувате од тубичка, шминката и апликаторите за шминка треба да ги користите исклучиво вие. Пренесувањето на бактерии, особено на устата и очите може да биде многу опасно.

Делењето обетки и пирсови со некој друг го зголемува ризикот од болести што се пренесуваат преку крв. Ако веќе се најдете во таква ситуација, прво дезинфицирајте го делот што влегува во дупчето со алкохол.

На слушалките се задржуваат бактерии што ги имаме во ушите, а најголемиот дел од тие бактерии се задржуваат на слушалките, особено за време на трчање или вежбање бидејќи тогаш се зголемува телесната температура и нивото на влага. Со позајмување на слушалките може да ги „позајмите“ и бактериите како стрептокока или стафилокока, што може да резултира со инфекција. Ако веќе ги позајмувате, прво избришете ги со парче памук натопено во алкохол.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail