Што по раскинувањето на договорот за взаемно признавање на дипломите со Турција?

univerzitet.jpg

Турските студентите во Македонија се во шок по одлуката на официјална Анкара да го раскине договорот со земјава за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа.

Фатих Дурмаз, кој е трета година на Медицинскиот факултет во Скопје за Алсат М вели дека никој не ги информира студентите што точно се случува.

„Јас сум од Турција, студирам тука Општа медицина. Јас за оваа вест прочитав на интернет, загрижени сме, не знаеме што ќе се случи. Збунети сме сите студенти.“ – изјави Фатих Дурмаз, студент од Турција во Македонија

Одлуката на турските власти ја потпиша претседателот Реџеп Таип Ердоган и стапува на сила на 11 февруари. Во неа се вели дека договорот потпшан во 1998 година за меѓудржавно признавање на дипломите за средно и високо образование магистерски студии и докторати се укинува.

Од Министерството за надворешни работи смируваат дека станува збор, за како што велат, само менување на правната мерка, објаснувајќи дека е укинат билатералниот договор меѓу двете земји и отсега дипломите ќе се признаваат според Лисабонската конвенција – мултилатерална спогодба што го регулира признавањето на високообразование дипломи во Европа.

Од МНР не појаснуваат дали ова ќе важи и за дипломите и од средните училишта или ќе се однесува само на универзитетските дипломи, зашто Лисабонската конвенција ги опфаќа само прашањата за признавање на високото образование.

„Секоја страна ќе ги признае квалификациите издадени од другата страна , која ги исполнува општите услови за пристап до високото обрзование…“, стои во Конвенцијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail