Што прави вашиот iPhone кога е вклучен Bluetooth?

blku.jpg

Освен што пружа широк спектар на можности за корисниците, безжичниот пренос на податоци станува сѐ побрз процес за кој просечниот корисник не би ни размислувал. Но, дали Bluetooth опцијата на вашиот телефон е вклучена без потреба?

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Иако можеби Bluetooth опцијата не ви изгледа како нешто неопходно во 2018 година, сепак таа нуди многу повеќе опции отколку што мислите.

Пред десетина години мислевме дека Bluetooth технологијата служи само за пренос на податоци помеѓу корисниците. Меѓутоа, модерните телефони можат да ја употребат Bluetooth антената за многу други работи, како што се поврзување со AirPod слушалките, Apple Pencil, а понекогаш и Apple Watch се служи со таа метода на поврзување.

И тоа не е сѐ. Веројатно знаете дека некои такси-компании сакаат да ја знаат вашата точна локација со помош на информациите кои ги праќа вашиот iPhone преку Wi-Fi мрежа. Затоа, ако нарачате такси преку било која апликација, се исплати да ја вклучите таа опција. Епа, покрај Wi-Fi мрежата, и Bluetooth има неколку трикови. Градовите се преполни со Wi-Fi и Bluetooth мрежи кои се во потрага по вашиот уред. Искрено, нив повеќе ги интересира вашата локација отколку самиот телефон. На пример, тоа е клучно за функцијата на Facebook наречена Nearby Friends и секоја услуга заснована на локација.

На тој начин настануваат огласите специјално наменети за вас. Тоа исто така му помага на TripAdvisor да ви прати известување кога стоите до некое кафуле или кога ќе поминете покрај некоја продавница во трговскиот центар. Доколку Bluetooth опцијата на вашиот телефон е вклучена, таа постојано ќе праќа податоци, а во најдобар случај само ја открива локацијата и ништо повеќе. Така што, без да сте свесни за тоа, оставате свој траг на мапата.

Обично сите го чуваат Bluetooth исклучен бидејќи сметаат дека тоа им ја троши целата батерија, но тоа не е случај кај поновите модели на iPhone. Во новите уреди на Apple се сместени чипови кои трошат помалку батерија, па затоа вашиот Apple Watch автоматски ќе се конектира со телефонот.

На iOS 11, најновата верзија на оперативниот систем, деактивирањето на Bluetooth опцијата од Control Center ќе ја прекинат врската со другите Bluetooth уреди, но нема да ја исклучат антената. Ако сакате да ја исклучите Bluetooth опцијата во целост, мора тоа да го направите преку Settings менито.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top