Последниве години дошло до зголемување на бројот на магариња кои патат од повреди на кичмениот столб, имаат рани поради неправилните седишта и боледуваат од исцрпеност.

На шокантна снимка се гледа како магарињата ги тепаат и тераат да носат претешки туристина над 500 скали на идиличниот остров Санторини.

Видеото кое го објави активистичката агенција ПЕТА покажува дека магарињата и мазгите се користат како такси превоз за тешките туристи по камените калдрми.

Во април беше покрената кампања која повикува туристите да престанат да јаваат магариња, покрај децениите напор тоа целосно да запре.

Животните се приморани четири или пет пати да одат до локацијата и назад преку стрмни стази. 

Како одговор на тоа грчката влада вовела законска регулатива на која е забрането да се оптеретуваат животните „со товар кој преминува 100 килограми или една петтина од нивната телесна тежина“.

Меѓутоа, препораките на ветеринарите се магарињата да носат повеќе од 20 отсто од својата телесна тежина, што е околу 50 килограми, пишува на сајтот на ПЕТА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail