Што сè се случува на Интернет за само 60 секунди?

INTERNET.png

Според веб-сервисот кој на дневна база ја проценува големината на “World Wide Web”, моментално неговата големина е барем 4,53 милијарди страници. Доколку го земеме предвид фактот дека на оваа планета живеат околу 7,5 милијарди луѓе, тоа значи дека една веб-страна ја посетуваат 1,65 жители.

Компанијата Visual Capitalist, која создава интересни графикони, пробала со еден графикон да опише што сè се случува во само една минута на Интернет:

• Се случуваат 3,5 милиони пребарувања на Google.

• Се испраќаат 16 милиони СМС.

• На Facebook се логираат неверојатни 900 илјади корисници, а истовремено се испраќаат 15 илјади GIF-ови преку Facebook Messenger.

• Се објавуваат 452 илјади твитови.

• 120 луѓе отвораат нов LinkedIn профил.

• Во само една минута се објавуваат 46.200 фотографии на Инстаграм.

• Се прегледуваат неверојатни 4,1 милиони видеа на YouTube и преку 70 илјади часови Netflix програма.

• Се испраќаат 156 милиони е-меилови.

• Во една минута се трошат дури 751.522 долари на онлајн купувања, а од Google Play и App Store се преземаат 342 илјади апликации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail