Што се случи со знамињата поставени на Месечината?

znamina.jpg

Првиот објект изработен од човечка рака, кој стигна до Месечината беше советската Луна 2 на 13 септември 1959 година.

Но американскиот Аполо 11 ќе стане познат како прва мисија со екипа астронаути, која слета на Месечината на 20 јули 1969 година. Имаа уште шест мисии меѓу 1969 и 1972 година. До денес се верува дека САД е единствена земја која успешно го изведе слетувањето на Месечината.

Во тој период екипажите поставиле дури шест знамиња (сите американски) на Месечината. Што се случи со нив во текот на овие 40 години?

Првото знаме исчезна. Имено, Баз Олдрин се потсетил дека веднаш по полетувањето од Месечината го видел прво во воздухот, а потоа како паѓа на тлото по лансирањето.

Се верува дека знамињата на Аполо 14 и 15 исто така паднале или се дезинтегрирале. Сепак експертите се сигурни се дека знамето на Аполо 12 се уште е на своето место. Како докази се наведуваат сателитските снимки кои покажуваат сенка, која се совпаѓа со знамето поставено на столбот. Слично е и со Аполо 16 и 17. Но тие додаваат дека и тие знамиња повеќе не личат на американски поради УВ зраците, кои со текот на времето ги избледеле.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail