Што се случило на петок 13-ти октомври, за овој ден да се смета за баксузен?

pet-2.jpg

Знаеме дека за петок 13-ти како ден важи суеверието дека е баксузен и дека на тој ден може да ви се случат несреќи. Но, од каде потекнува таквото верување?

На истиот овој ден пред точно 710 години, на петок 13-ти октомври 1307г, францускиот крал Филип Четврти Убавиот го уапси Жак де Моле, големиот мајстор на Темларите и десетици други витези темплари под обвинение за ерес.

Филип Убавиот имал дебели (финансиски и политички) причини да раскрсти со се повлијателните темплари, па папата Климент Петти потпишал папска була со која се запечатила судбината на витешкиот ред.

На крајот, скоро сите темплари биле спалени на клада, а нивната оставштина и денес е огромна мистерија и инспирација за бројни филмови, документарки, книги, авантуристи кои го бараат нивното богатство или Светиот грал.

Наводно, кога Де Моле бил спален на клада на 18 март 1314 испратил клетва до Филип Убавиот и до папата Климент Петти. Тие двајцата починале за нецела година, а потоа згаснала и целата француска династија Капети откако синовите на Филип починале за кратко време.

Верувањето дека петок 13-ти носи баксуз е всушност средновековно суеверие поттикнато најверојатно од овој ден.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top