Што се случува со телото ако не јадете доволно овошје и зеленчук?

ovosje-630x389.jpg

Истражувањата покажаа дека повеќето деца, па дури и возрасните не јадат овошје и зеленчук, колку што би требало.

Секојдневно се консумираат хамбургери, тестенини, пици и преработена храна, што остава малку или воопшто простор за овошје и зеленчук.

Ваквата исхрана носи долгорочна штета на телото на повеќе начини:

Ве прави мрзоволни: Мичи Дулан, автор на “The Pinterest Diet: How To Pin Your Way This”, изјавил дека неконсумирањето на овошјето и зеленчукот доведува до лошо расположение и недостаток на фокус.

Ќе страдате од запек: Исхраната сиромашна со овошје и зеленчук има недостаток од влакна кои се добри за варењето на храната. Покрај тоа, влакната помагаат за регулирање на апетитот и нивото на шеќер во крвта и го намалуваат нивото на холестерол.

Ќе бидете повеќе склони кон болести: Kога во вашето тело не се внесува доволно овошје и зеленчук, можно е дека на вашето тело да му недостасуваат витамини како А, К, Ц и други минерали. Ова ќе доведе до слабеење на имунитетот поради кој ќе бидете подложни на различни болести.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail