kgn-img-485940.jpg

Швајцарија е позната по глечерите, а за само неколку години изгуби 500 од нив, кои се стопиле и се влеале во реките, соопштија експерти.

Засега, нивото на реките е зголемено, но експертите се загрижени дека на долг рок, водата во реките ќе се намали и оти земјата ќе има проблеми со вода за пиење.

На една кривина на патот што води кон врвовите на Алпите во Швајцарија се наоѓа хотелот „Белведере“, изграден во 1880 година, кој нуди најдобар поглед на еден од најголемите глечери, Роне. Хотелот е затворен затоа што глечерот се намали за повеќе од два километра и погледот повеќе не е атрактивен како некогаш.

Експертите предупредуваат дека до крајот на векот 90 проценти од глечерите ќе се стопат, односно ќе исчезнат, а сега се останати уште 1.500. Топењето на глечерите ќе влијае врз карпите кои ги покривале и тие ќе почнат да се одронуваат загрозувајќи ги патиштата, но и станбените населби кои ќе им се најдат на патот на одроните.

– Никогаш не сме виделе толку брзо топење на глечери за 150 години, откако го следиме мразот на планините, изјави Херман Хас, кој врши мерења на глечери во Швајцарија.

извор: Кајгана/миа

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail