Швајцарски обуки за угостителство и туризам

obuka.jpg

Врвни швајцарски обуки за угостителство и туризам ќе бидат промовирани денеска во Скопје.

Промоцијата ја организира Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост во соработка со престижната академија Свис хотел манаџмент од Луцерн и Министерството за економија.

На настанот ќе бидат доделени и СХЛ сертификати на обучувачи во Македонија, а покрај високите гости, ќе учествува и министерот за економија Дритон Кучи.

Швајцарските обуки за хотелски менаџмент, туризам и угостителство се сметаат за едни од најдобрите во светот. Според организаторите, за квалитетот не треба да има компромис. Затоа, порачуваат, треба да се унапредат услугите и начинот на работа согласно највисоките стандарди.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail