Шведска компанија ја направи првата кредитна картичка во светот која ја следи емисијата на јаглерод диоксид при секоја трансакција

black-card-mastercard-1.jpg

Оваа пролет шведската компанија за финансиска технологија Doconomy ја лансираше првата банкарска услуга во светот и првата кредитна картичка која менаџира со финансиите и ја контролира дневната емисија на јаглерод диоксид. DO Black Card е резултат на соработка меѓу Doconomy, Mastercard и Секретаријатот за климатски промени на Обединетите нации. Картичката е дополнување на постојните банкарски услуги, а апликацијата со која е поврзана ја следи емисијата на јаглерод диоксид при секое користење на картичката се додека не се достигне лимитот поставен од самиот корисник.

Не само што DO Credit Card е првата картичка во светот која ја следи емисијата на јаглерод диоксид со секоја трансакција, туку самата картичка е направена од биолошки ресурсирани материјали и е испечатена со Air-Ink, односно рециклирано мастило направено од загадувањето од воздухот.

Во 2015 година 175 земји од светот го потпишаа Парискиот климатски договор на Обединетите нации и се обврзаа да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид. Големите компании во светот исто така развиваат политики за намалување на емисијата, се префрлаат на обновлива енергија, а луѓето од целиот свет се повеќе се свесни за своето учество во климатските промени и прават „позелени“ избори секој ден.

Како што велат од Doctonomy, парите се нашата најмоќна алатка за да се бриме со климатските промени во секојдневниот живот. Преку оваа картичка компанијата која се залага за „банкарство со совест“, сака да ја намали неодржливата консумација на енергија, да ја намали емисијата на јаглерод диоксид и со тоа да надомести за неизбежната емисија на штетни гасови.

Сопствениците на ваква картичка исто така можат лично самите да донираат за зелените проекти на Обединетите нации како што се замената на печките на дрва со енергетски ефикасни печки во Малави или за градење фарми на ветар во Индија. Исто така, сопствениците на картичките добиваат бонуси за одговорното трошење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail