Шведска компанија на своите вработени им става чипови за да работат поквалитетно

microchip-e1491405864132.jpg

Не толку одамна ваквото сценарио би постоело само во футуристички филмови и научна фантастика, но бидејќи живееме во време кога невозможното станува возможно се случуваат и вакви работи. Додека некогаш не фасцинираа приказни за луѓе киборзи кои се половина роботи половина луѓе на кои под кожата им се ставаат електронски направи, шведската компанија Epicenter тоа го направи реалност. Иак не е задолжително, дури 150 вработени од компанијата доброволно се пријавиле за да им се вградат чипови.Според твредењето на извршниот директор на компанијата, Патрик Местерсон, станува збор за импланти кои овозможуваат поквалитетно користење на работните ресурси и поголема безбедност.

Микрочиповите со големина на зрно ориз, во зависност од овластувањата, овозможуваат отворање на одредени врати во просториите на компанијата Epicenter. Во микрочиповите се вградени и кодови за таканаречен secure print протокол, што овозможува откако ќе се прати еден документ на некој од корпоративните писари веднаш потоа да се испечати. Имплание може да се користат и како еден вид кредитна картичка со NFC бесконтактно плаќање за на брз и едноставен начин да се плати топол оброк во ресторанот во кампусот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail