Шведска мора да увезува ѓубре

gjubre-svedska-energija-uvoz-01.jpg

Шведска е најсериозно принудена да увезува ѓубре од други земји, за да продолжи да го одржува својот систем за производство на енергија и управување со отпад.

Шведска својот систем за управување со отпад одамна го довела до таа мера што само еден процент од целокупниот отпад кој го произведува, оди во депониите.

Тоа во што Шведска, условно кажано, погрешила, било тоа што голем дел од управувањето со отпадот го спровела преку специфични погони за палење на ѓубре кои произведуваат енергија и од кои денес покрива 50 проценти од енергетските потреби.

Шведскиот систем во времето кога настанувал, бил многу напреден. Но, сега во Шведска се случува тоа да погони за палење на отпад има, а ѓубре повеќе нема. Оваа држава сега планира увезува ѓубре од Романија, Бугарија и балтичките земји.

Од органскиот отпад и канализациската кал се произведува био-гас, кој потоа се користи за јавен превоз, производство на електрична енергија, за греење и готвење. Фотонапонските колектори за дополнително производство на електрична енергија се толку моќни што им одолеваат на зимите во близина на поларниот круг, а најдобро од се е тоа што 75 проценти од таа инфраструктура е вградена во самите згради.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail