Шведската академија: Не можеме да го добиеме нобеловецот Ишигуро

kauzo.jpg

Шведската академија не беше во можност да стапи во контакт со Казуо Ишигуро, лауреат на Нобеловата награда за книжевност за 2017 година, пред денешното објавување, соопшти постојаниот секретар на Академија, Сара Даниус.

– Ќе се обидам да го исконтактирам сега, изјави Даниус за шведското радио во седиштето на Академијата во Стариот град во Стокхолм.

Таа истакна дека Казуо Ишигуро е „брилијантен романсиер“, додавајќи дека лауреатот може да се спореди со „комбинација на Џејн Остин и Франц Кафка”.

– Тој е длабоко оригинален автор, кој развил своја романсиерска естетика, истакна  Даниус.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail