Шведската итна помош ви ја гаси музиката во возилото

vozilo.jpg

Амбулантните возила во Стокхолм ќе бидат опремени со посебни уреди кои ги блокираат радио апаратите околу себе, со цел возачите да ја слушнат сирената и да се тргнат од патот на време.

За разлика од митскиот „шведски ТВ детектор”, тим од млади научници, студенти на Кралскиот Институт KTH развија функционален уред кој „зазема” широк спектар на фреквенции и праќа гласовно предупредување преку радио уредите во возилата во близина, како и текстуална РДС порака која се испишува на дисплејот.

Сигналот ја прекинува и врската остварена преку блутут технологијата меѓу било кој музички уред и озвучување во возилата.

„Возачите обично имаат само неколку секунди да изреагираат и да се тргнат, додека оптималното време е 10 до 15 секунди” – вели еден од авторите на проектот Микаел Едберг.

Младиот научник вели дека податоците покажуваат дека се повеќе возачи слушаат многу гласна музика и не реагираат на звучните сигнали на амбулантните возила и дека поради тоа на патиштата има и поголем стрес.

„Сакаме да го привлечеме нивното внимание многу порано од до сега, тоа го намалува и стресот кој дополнително ја загрозува безбедноста. Системот има три функции – ја олеснува работата на итните служби, ја зголемува безбедноста на патот и ги подобрува условите во сообраќајот за ранливите категории” – вели Ернберг.

Системот во зависност од густината на сообраќајот, прилагодува колку далеку ја праќа својата порака. Освен Итната помош, системот во пилот фаза ќе го користат и некои протипожарни возила во Стокхолм, а ако се покажат добри резултати, се планира неговата употреба да се рашири по целата земја.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail