51cnNugT0nL._SL500_AC_SS350_.jpg

Шведската компанија Orbital Systems AB, која е основана пред шест години, разви иновативна технологија за рециклирање на водата за домашна и хотелска употреба, која овозможува огромна заштеда на потрошувачката на вода. Технологијата е интересна затоа што при туширање повторно користи вода од истиот зицклус на туширање, водата која инаку би отишла во одвод веднаш се чисти и повторно се користи.

Базирана е на сензори кои го анализираат квалитетот на водата до 20 пати во секунда и одлучуваат дали може да се употреби повторно или не, а водата која повторно се користи се прочистува со филтери и УВ светло за да се неутрализираат бактериите.

Предностите на оваа технологија, благодарение на која може да се заштеди дури 90% од водата и 80% од енергијата, со што се налаува и загадувањето на околината, ги препозна и Европската инвестициска банка, која со Orbital Systems договори заем од 15 милиони евра за истражување и развој, понатамошно усовршување на системот и негова комерцијализација.

Orbital Systemѕ веќе ја имплементираше технологијата во домаќинствата и хотелите во Скандинавија, а таквиот начин на рециклирање е идеален за региони со ограничен пристап до вода за пиење, како што се островите. Иако многумина мислат дека нема простор за иновации кога е во прашање туширањето, Orbital Systems го докажа спротивното.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail