I8tfL-fbaef9e48dcb498ab8f6.png

Тинејџерот од Њујорк, со помош на неговата мајка си дизајнирал црвена маица со вратоврска, која ја споил со машка виолетова кошула. На едната ногавица носел машко црно одело, а на другата нога му “паѓал“ фустан.

Вјат Четл (16), веројатно е еден од ретките кој фактот дека нема девојка не го спречил да биде добро расположен и да појде на матурската забава. Ова момче, од училиштето „Brighton School“ во Њујорк, не се појавило само на прославата, туку одлучило и да се пошегува со својата ситуација па си дизајнирало парче облека, кое половина е одело, а половина фустан, па самиот себе си се „однело“ на матурата.

Тинејџерот, со помош на мајка му, дизајнирал црвена маица со вратоврска, која ја споил со машка виолетова кошула. Носел една ногавица во црно машко одело, а на другата нога имал фустан. За да нагласи дека едната половина на телото му е женска, на едната страна од главата, на косата, си ставил шнола.

На материјалот за оделото-фустан, потрошил само 25 долари, а на средношколецот не му било проблем да го скрои како што си замислил, затоа што се занимавал со ракотворби.

За “женскиот дел“ од изгледот и нанесувањето на шминката, имал помош од неговата пријателка, а на зглобот од раката носел и цвет, за сликата на девојката од матурата да биде целосна. Неговата мајка, на блогот од порталот „Reddit“, раскажала зошто нејзиниот син одлучил да изгледа така, исто така додала дека немале патики кои подобро би се вклопиле во таквиот изглед.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail