Сигнал од вселената стар 7 милијарди години ја стресе Земјата

Signal-od-vselenata-star-7-milijardi-godini-ja-strese-Zemjata.jpg

Сигнал од вселената стар 7 милијарди години ја стресе Земјата

Научниците неодамна забележале гравитационен „ударен бран“ создаден по најдраматичниот судир досега забележан на две црни дупки. Експлозијата при спојувањето била толку силна што ослободила во секунда енергија како на осум Сонца.

Сигналот за овој настан поминал околу седум милијарди години за да стигне до Земјата, но сепак бил доволно силен за да ги потресе детекторите на ласерите во САД и Италија во мај минатата година, пишува Би-Би-Си.

Експертите веруваат дека по спојувањето на двете црни дупки е создадено тело чија маса е 142 пати поголема од масата на нашето Сонце.

Оваа древна експлозија е снимена од уредите за меѓународна соработка Ligo-Virgo, која работи со три преосетливи системи за откривање на гравитационите бранови во Америка и Европа.

Овие ласерски интерферометриски системи ги слушаат вибрациите во просторот-времето што се јавуваат по катаклизмички вселенски настани, а на 21.05.2019 година сите ги потресол остар сигнал кој траел само една десетина од секундата.

Компјутерските алгоритми утврдиле дека изворот на овој сигнал е последната фаза на спојувањето на две црни дупки кои орбитираат едни околу друга. Поголемата има 85, а помалата 65 пати поголема маса од нашето Сонце.

“Тоа е навистина неверојатно. Сигналот се ширел седум милијарди години. Значи, спојувањето се случило во раните фази на вселената и сега буквално механички ги стресе детекторите тука на Земјата”, рече астрономот Нелсон Кристенсен од опсерваторијата Азурен брег во Франција.

Ако се доволно големи, ѕвездите ќе се урнат во црната дупка на крајот од нивниот живот. Според сегашните научни сознанија, sвездите помеѓу 65 и 120 сончеви маси не завршуваат како црни дупки затоа што не се доволно масивни.

Така, научниците биле заинтригирани кога забележале дека во овој судир е вклучен објект од 85 сончеви маси, бидејќи неговиот изглед не можел да се објасни со смртта на ѕвездата. Најверојатно објаснување е дека оваа црна дупка е формирана како резултат на претходно спојување на други две црни дупки.

„Овде зборуваме за нивоата на спојување, односно за создавање на поголеми и поголеми црни дупки“, рече тој.

“Кој знае, можеби оваа новоформирана дупка од сончевата маса продолжила да се спојува со другите масивни црни дупки. Овој процес може да создаде супермасивни црни дупки лоцирани во центрите на галаксиите”, додаде тој.

Во соработка со Ligo-Virgo се објавени две студии за овој настан. Едната се вика GW190521: A Binary Black Hole Merger with a Total Mass of 150  M⊙ u časopisu Physical Review Letters и другата Properties and Astrophysical Implications of the 150 M ⊙ Binary Black Hole Merger GW190521 во The Astrophysical Journal Letters.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail