Сигурно барем еднаш во животот сте ја направиле оваа грешка: Треба да го прашате докторот, а не Гугл!

internet-1.jpg

Сигурно барем еднаш во животот сте ја направиле оваа грешка: Треба да го прашате докторот, а не Гугл!

Речиси секоја личност која има пристап до интернет барем еднаш симптомите на некоја болест ги побарала на Гугл. Како последица на тоа најчесто се појавува паника, бидејќи резултатите од пребарувањето на симптомите најчесто завршуваат со заклучок дека имате некоја неизлечива болест.

Токму поради лажните дијагнози кои повеќето луѓе си ги поставуваат сами на себе по пребарување на симптомите на интернет, лекарите препорачуваат неколку совети.

Никогаш себеси не си поставувајте дијагноза

Може да биде многу опасно да си поставувате дијагноза врз основа на пребарување на интернет. Барањето на симптомите ќе ви одземе многу време, што само ќе го одложи вашето заминување на лекар и добивање на соодветна дијагноза.

Немојте себеси да си „препишувате“ лекови

Една работа е да побарате совети за здрава исхрана на интернет, а сосема друга (и често опасна) е примената на некои средства за лекување на конкретна болест.

Пребарување на блогови

Само затоа што некој има популарен блог, тоа не значи дека знае за што пишува. Освен тоа, првата страница која ќе ви ја исфрли Гугл не мора да биде и најточната.

Обратете се кај лекар

Едноставно е – читањето и информирањето на интернет само дополнително ќе ве загрижи, но нема да ве излекува. За конкретна дијагноза и лекување морате да посетите лекар.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail