СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ХЕРЦЕГОВИНА: Се треселе згради, луѓето во паника

Bosnia_and_Hercegovina_map-copy-620x350.jpg
Земјотрес со јачина 3,3 степени според Рихтер го затресе Херцеговачкото тло во текот на вчерашниот ден.
Епицентарот на земјотресот бил во длабочина од 2 километри, на само осум киломтери североисточно од Чаплине, јавува “Радиосараево“.
Земјотресот не го почуствувале само граѓаните на БиХ, туку тој се почуствувал и во Хрватска, а и на самиот раб на Црна Гора.
За сега, нема никакви информации за евентуални штети што се предизвикани од овој земјотрес.
Граѓаните на БиХ велат дека земјотресот бил навистина силен, а најмногу се почуствувал од страна на оние кои живеат во згради.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail