Симулација како би изгледало слетувањето на Плутон – видео

pluton.jpg

Видеото што НАСА го објави неодамна, е засновано врз фотографиите што ги испрати сондата New Horizons и прикажува симулација на слетувањето на Плутон.

Снимката е направена од фотографии сликани во период од шест месеци, додека сондата се доближувала до Плутон летото 2015 година.

Заради огромната далечина, на фотографиите им беа потребни нешто повеќе од пет часа да ја поминат оддалеченоста од Земјата од 4,2 милијарди километри.

Сондата New Horizons моментално патува кон карпестите објекти околу 1,6 милијарди километри оддалечени од Плутон, понатаму кон длабоката вселена.

„Никогаш не беше планот мисијата да заврши по истражувањето на само едно тело во надворешниот дел на нашиот систем. Целата мисија е испланирана да се истражи подрачјето околу Плутон, но и неколку објекти во Којперовиот појас“, наведе Ејми Шира Тејтел.

Којперовиот појас е подрачје надвор од орбитата на Нептун и единствени жители се парчиња мраз и карпи, кои останале уште од времето на формирањето на целиот Сончев систем.

Токму Плутон е всушност еден од објектите во него. Новата мета е објектот 2014-MU69, а го откри телескопот Хабл во 2014 година.

„Целата екипа е уверена дека MU69 е изграден од истиот материјал од кој настанале сите планети во Којперовиот појас, а во тоа е вклучен и Плутон“, додаде Ејми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail