Синтетичка пајакова свила поцврста од челик

pajakaova-mreza.jpg

Научниците од Универзитетот Кембриџ креирале нов материјал кој ги имитира карактеристиките на пајаковата свила, кој е поцврст од челик.

Многу истражувачи досега се обиделе да ја реплицираат пајаковата свила со разни степени на успех, а најимпресивниот аспект на материјалот создаден од тимот од Кембриџ е дека синтетичката свила која тие ја создале се состои од 98% вода.

Тимот прво креирале хидрогел од вода, силика и целулоза, а вторите два елементи заедно ги држат молекули наречени кукурбитурили. 30 минути по извлекувањето на долгите влакна од силика и целулоза од хидрогелот, водата испарува и остануваат само силни и растегливи влакна.

Ваквиот материјал, според неговите креатори, е идеален за користење во заштитна облека како елеците за заштита од куршуми.

Процесот на создавање на овој материјал е вистинската иновација, бидејќи функционира на собна температура и користи евтини и лесно достапни материјали, што му дава предност на другите синтетички материјали како најлонот.

Според истражувачите, со истиот процес би можеле да се креираат различни материјали со едноставно заменување на целулозата со други полимери.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail