krila-jasenice_ls.jpg

Mештаните на селото Крила Јасеница, кое се наоѓа на половина пат од Омиш до Сплит, во хрватска, поседуваат вистинско богатство, кое лежи во морето.

Имено, тие се сопственици на дури 180 мали крузери, пишува „Jutarnji list” и наведува дека ме,а ни еден кој вреди помалку од половина милион евра.

Најновите чинат и повеќе од три милиони евра, а збирно вредат и повеќе од 270 милиони евра.

Статистички, секој четврт жител на ова место е сопственик на еден крузер (вклучувајќи ги и децата и нивните баби и дедовци). Реално, 70 семејства на ова мало место се имотни сопственици на бродови и држат 75 отсто од вкупната национална флота на овој вид бродови.

И тоа не е сѐ – тие секоја година исфрлаат од 10 до 20 нови „хотели на бранови“, а сите мали бродоградилишта се затрупани со нарачки и неколку години однапред.

Правилото секој капетан да има онолку бродови колку што има синови одамна е надминато, па членовите на поширокото семејство имаат крузери. Нивните посади се составни од десетина луѓе, а на сите работа им е одморите да им ги направат на туристите незаборавни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail