Сите треба да учиме од него: 8-годишно дете и помага на постара жена да се искачи по скали

dete.jpg

На социјалните мрежи се појави видео од осумгодишно дете кое брза надвор од неговиот автомобил за да и помогне на една постара жена која се движи со помагало, за да се качи на скалите.

Момчето, Морис Адамс Џуниор од Џорџија тргнало за да и помогне на постара жена која се движела со помагало за да се искачи по скалите, а возрасната дама му се заблагодарила на момчето и го прегрнала. Постарата жена тргнала по нејзиниот пат, додека Морис среќно трчал назад во автомобилот.

Додека момчето било зафатено да и помогне на старата дама, не забележало дека некој случаен минувач го снимал целиот срдечен момент. Рајли Данкан, минувачот ја снимил целата “епизода” на неговиот фотоапарат и го објави видеото на Фејсбук, каде што напишал: “Фала му на Бога за нашата младина”. Видеото достигнало огромна гледаност, им се допаднало на илјадници луѓе, а било споделено повеќе од 20.000 пати.

Погледнете го видеото:


Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail