СКОКАЛЕ ОД ЖИЧНИЦАТА: Снемало струја на Маврово, скијачи премрзнале додека да се симнат

mavrovo2.jpg

Скокнав во снегот, не се издржуваше од што беше ладно. Мислам дека имам мала набиеница, но беше премногу ладно за да седам на високо, вели еден од скијачите кој сакаше да остане анонимен.

Од три метри висина скокнав во снегот, не се издржуваше од што беше ладно. Мислам дека имам мала набиеница, но беше премногу ладно за да седам на високо, вели еден од скијачите кој сакаше да остане анонимен, а кој бил меѓу луѓето кои околу половина час заглавиле денеска на жичницата во скијачкиот центар во Маврово.

Пред билетарницата во скијачкиот центар се создал метеж поради големиот број скијачи кои чекале да се транспортираат со жичницата. Имало и револтирани скијачи кои барале да им бидат вратени парите за купените дневни билети за скијање. Во Маврово денешната температура е минус 12 Целзиусови степени.

Жичницата застанала откако денеска околу 11 часот снемало струја во скијачкиот центар. Од ЕВН потврдија дека има прекин во напојувањето и дека се испратени екипи да проверат што е причината за дефектот.

Од ски-центарот „Заре Лазаревски“ исто така потврдија дека има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш бил активиран агрегатот, за да се симнат луѓето кои во времето на прекинот се наоѓале на жичницата.

Има прекин, почна пред половина час. Како што разбравме, се работи за проблем со далекувод кај Вруток. Луѓето што беа на жичницата се симнаа. Штом снема струја, беше активиран агрегат – рекоа од скијачкиот центар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail